Фичо ќе подготви рибја чорба со три вида риба и школки, одлична за оние кои постат со риба.
Подготовка:
Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Во ростер тавата наредете ги парчињата риба и печете 15 минути да фатат боја и да пуштат маснотија.
Чекор 2: Додека се пече рибата исецкајте ги лукот, кромидот, морковот, целерот и шери доматите со дршка.
Чекор 3: Во сад на оган додадете маслиново масло и додадете ги исецканите зеленчуци и инчуните. Додадете ги и школките. Во садот на оган додадете и 1 и пол лажица брашно, лесно да се пропржи.
Чекор 4: Додадете 2 литри топла вода и оставете да се крчка. Смесата од зеленчуци можете да ја изблендирате рустично, да остане по некое покрупно парче.
Чекор 5: Исчистете ја печената и оладена риба од коските и месото додадете го во садот на оган. Додадете сол и бибер. На крај додадете го концентратот од домати и оставете да крчка 20 минути.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: Не ја одбегнувајте дршката од доматите, таа го дава интензивниот шмек на доматите и го збогатува вкусот.