Фичо ќе подготви посен десерт, ванилици со мак во тестото, филувани со омилениот мармалад.
Подготовка
Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени.
Макот сомелете го во Нутрибулет.
Чекор 2: Во сад ставете ги маргаринот и шеќерот во прав. Матете додека да се соединат. Додадете ги брашното и мелениот мак.
Чекор 3: Расукајте го тестото, вадете форми со модла или чаша и редете ги во Ростер тавата.
Чекор 4: Печете ги 10-ина минути. Печени ќе бидат меки, но кога ќе се оладат ќе се стврднат.
Чекор 5: Соединувајте две колаченца со вашиот омилен мармалад.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: По желба, може да ги наросите со шеќер во прав.