Раскошен посен колач, со филови од ореви, афион и мармалади од кајсија и вишна. Дали ви треба уште некоја причина за да го пробате?
Подготовка
Чекор 1: Во брашно0то додајте го квасецот, шеќерот, киселата вода и маслото, па замесете меко тесто. Поделете го на три еднакви делови. Секое топче исукајте го во четириаголна кора со големина на Ростер тавата.
Чекор 2: Сомелете ги оревите и афионот.
Подгответе ги филовите. Во оревите додајте мармалад од кајсии, шеќер во прав, ванилин шеќер и кора од 1 лимон. Во афионот додајте мармалад од вишни, шеќер во прав, ванилин шеќер и кора од 1 лимон. Филовите треба да се густи, не додавајте премногу мармалад.
Чекор 3: Првото тесто ставете го во тавата, избоцкајте го на неколку места и премачкајте со мармалад од кајсии. Потоа распоредете го филот од ореви. Филот е густ и со лажица распоредете го по цела површина, а потоа со рамна лажица притиснете го да се распредели насекаде.
Чекор 4: Ставете ја втората кора, премачкајте со мармалад од вишни по целата површина, па нанесете го филот од афион. Филот распоредувајте го на ист начин со лажица како и првиот фил.
Чекор 5: Ставете ја третата кора од колачот и оставете го колачот половина час во фрижидер. Потоа печете во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.
Чекор 6: Сервирајте и посипете со шеќер во прав.
СОВЕТ: Не ставајте премногу шеќер во прав, бидејќи колачот е многу благ. По вкус, може да намалите од количината на шеќерот во филовите.