Невообичаен рецепт за подготовка на полнети пиперки.
Подготовка
Чекор 1: Бабурите исчистете ги од рачките и семето и тргнете ги на страна. Ако користите сланина, исечкајте ја ситно.
Чекор 2: Кромидот и лукчето исечкајте ги ситно и ставете ги во сад да се пржат. Кога ќе заруменат додадете ја исечканата сланина и меленото пилешко месо. Додадете ја и ситно исецканата тиквичка.
Пржете на тивок оган и додадете го доматниот сос и сирењето. Оставете да прокрчка и тргнете ја смесата на страна.
Чекор 3: Наполнете ги пиперките и во секоја ставете по едно јајце, па покријте ги со дршката. Ставете ги пиперките да се печат на 180 степени 20 минути и уште 20 минути на 200 степени.
Чекор 4: Сервирајте со свежа салата.