Видео рецепт: Погача по рецепт на мајка ми

Фичо oд Мои рецепти денеска ќе направи солена погача, по рецепт кој го научил од неговата мајка.

s

Подготовка

Чекор 1: 100 мл од млекото ставете го во сад и додајте до квасецот со шеќерот и брашното. Оставете го квасецот да стаса.

Чекор 2: Половина од брашното просејте го, додадете лажица сол и продолжете со просејување. Додадете го шеќерот, млекото и маслото. Промешајте со дрвена лажица и додадете го оцетот. Оцетот ќе го направи тестото помазно.

Чекор 3: Измесеното тесто оставете го да стаса 40 минути на собна температура. Полека премесете го тестото, само преклопувајте го, колку да прими воздух и поделете го на два дела. Едниот дел покријте го со чиста крпа, а другиот дел расукајте го како што го прави тоа Фичо.

Чекор 4: Суканото тесто премачкајте го со путер и наросете семки од сончоглед. Направете ролат и отсечете ги краевите. Од краевите направете круни кои што ќе ја красат погачата. Потоа сечете парчиња од ролатот како што прави Фичо. Истото направете го и со второто тесто.

Чекор 5: Со путер премачкајте ја Ростер тавата и редете ги парчињата. Наредената погача оставете ја да стаса во садот во кој што ќе се пече. Пред да почне да нараснува наросете ја со сусам и црно семе. Наросувањето треба да го направите пред да почне да стасува тестото, бидејќи при стасување се ослободуваат шеќери и ги лепат семките за тестото.

Чекор 6: Печете 10 минути на 200 степени и 15 минути на 180 степени. Сервирајте ја цела погача на голема чинија или даска.

СОВЕТ: Оваа погача е одлична за свечените трпези, бидејќи и кога е ладна е многу вкусна.

- Реклама -