Фичо ќе подготви потпечено зачинето пилешко во комбинација со ароматичен кус кус. Одличен предлог за ручек!
Подготовка
Чекор 1: Рузмаринот ситно исецкајте го, додадете го соја сосот, сол и бибер.
Чекор 2: Во сад на оган ставете 250мл вода, додадете малку маслиново масло, нека зоврие и додадете го кус кусот. Тргнете го садот од оган и мешајте. Зачинете како што тоа го прави Фичо во видеото.
Чекор 3: Лебните трошки измешајте ги со кари, сол, црвен пипер или буковец.
Чекор 4: Пилешкото пропржете го на загреана грил тава, а потоа префрлете го во округлата тава за печење, наросете го со смесата од лебни трошки и печете го во рерна околу 15-20 минути.
Чекор 5: Во сад со вода што врие, само малку спуштете ги младите кромидчиња колку да ги фати топлина.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: Оваа комбинација на зачини според нас е одлична комбинација. Доколку не ви се допаѓа некој зачин, заменете го со друг по ваша желба.