Видео рецепт: Мини тортички Павлова

pavlova-d93374-800x450[1]

Фичо ќе подготви поинаква верзија на популарната Павлова торта. Декоративни и вкусни тортички со пуслици, крем од жолчки и јагоди.

Подготовка: sostojki

Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 150 степени.

Чекор 2: Во сад ставете ги белките и матете ги полека. Кога ќе се запенат додадете прстофат сол и додадете го шеќерот лажица по лажица. Додадете го и сокот од лимон и ванилата. Во смесата додадете го шеќерот во прав и мешајте со шпатула.

Чекор 3: Со смесата направете форми на тавата за печење и ставете ги во рерна да се печат. Намалете ја рерната на 130 степени и печете 50 минути, во зависност од рерната.

Чекор 4: Жолчките ставете ги на пареа со 5 лажици шеќер и матете додека не добиете крем. Оставете го кремот малку да се олади и додадете го маскарпонето. Мешајте додека не соединат убаво.

Чекор 5: Јагодите исечкајте ги на плочки, пуслиците премачкајте ги со кремот, наредете јагоди, повторно крем и јагоди.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Белките не смеете да престанете да ги матите и садот во кој што ќе матите треба да е идеално сув за да може да добијат волумен.

- Реклама -