Видео рецепт: Макарони во Мафини

Поинаква идеја за подготовка на макароните, со зеленчук, јајца и Моцарела – сето тоа спакувано во облик на Мафини. Погледнете го видеото за да видите како!

m

Подготовка

Чекор 1: Тестенините сварете ги, исцедете ги и полијте ги со маслиново масло. Додадете малку изрендана Моцарела.

Чекор 2: Ситно исечкајте ги црвената пиперка и младото кромидче. Јајцата изматете ги на страна.

Чекор 3: Со малку маслиново масло премачкајте го калапот за мафини.

Сипете ги тестенините во калапите. Измешајте се’ заедно или кромидчето и пиперката ставете ги само на горниот дел од мафинот. Декорирајте го со малку Моцарела секој мафин и прелијте го со матените јајца подеднакво во секое калапче.

Чекор 4: Печете на 200 степени околу 15 минути, додека да зарумени Моцарелата. Сервирајте со домати.

СОВЕТ: Ова е одличен начин да им сервирате пиперка и кромид на децата. Но, по желба, употребете зеленчук кој го сакате повеќе, или кој го имате во моментот!

Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk/post/makaroni-mafini/#ixzz32no6QdYt

- Реклама -