Фичо oд „Мои рецепти“ ќе ни покаже како да направиме вкусни мафини со карамел и банана, брзи и лесни за подготовка.
Чекор 1: Во длабок сад ставате го брашното, пецивото и содата. Во друг сад испасирајте ги бананите и додадете им екстракт од ванила.
Во трет сад изматете го јајцето, додадете ги бананите, кафеавиот шеќер и растопениот путер.
Спојте ги двете смеси и наполнете ги калапите. Оваа количина е доволна за 12 мафини.
Темното чоколадо исечкајте го на коцки и распределете го во секој калап еднакво.
Калапите печете ги во рерна на 175 степени, околу 20 минути.
Чекор 2: Во Садот за сос ставете го шеќерот и растопете го. Внимавајте да не ви загори.
Потоа додадете 100 мл слатка млечна павлака и мешате додека да се спојат состојките и не се добие карамел.
Внимавајте да не се изгорите, затоа што шеќерот кој се топи развива голема температура.
Чекор 3: Готовите мафини карамелизирајте ги и послужете ги по желба.
СОВЕТ: За да ви успее одреден рецепт кој во составот има брашно, многу е битен и типот на брашното кој го употребувате, односно зависи и од тоа како е мелено.