Видео рецепт: Кременадли со пире од спанаќ и лук

svinsko-ae8d18-800x450[1]

Фичо ќе подготви одличен ручек. Свински кременадли со рузмарин и маточина, со пире од спанаќ и лук како прилог.

Подготовка: 

sostojki

Чекор 1: Во тава на рингла ставете малку маслиново масло. Кременадлите извалкајте ги во брашно. Во сад со вода ставете го да се обари спанаќот. Исцедете го. Во тава со масло додадете го сечканото лукче, брашното, спанаќот, млекото, сол и бибер. Мешајте постојано.

Чекор 2: Во тавата ставете ги кременадлите да се испржат и превртувајте ги постојано. Кон крајот додадете гранче рузмарин, лажица путер и прелевајте ги постојано со течноста.

Чекор 3: Во чинија ставете ги кременадлите, прелијте ги со пирето и декорирајте со неколку листа маточина.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Маточината дава цитрусен вкус на приготвеното јадење и го освежува.

- Реклама -