Фичо ќе приготви крем супа од печени моркови, со арома на ѓумбир и нане. Необичен спој на состојки, со совршен баланс на вкусови.
Подготовка:
Чекор 1: Морковите излупете ги, исечете ги на поголеми делови, намастете ги со маслиново масло и наредете ги во тавата за печење. Додадете повеќе сол. Печете ги во загреана рерна на 215 степени, 15-20 минути. Превртувајте ги при печењето за да се испечат од сите страни.
Чекор 2: Бујонот ставете го во сад да проврие. Додадете го парчето ѓумбир и нането.
Чекор 3: Исечете ја смесата на коцки и повторно оставете ја да избие течноста од неа.
Чекор 4: Главицата кромид исецкајте ја ситно, продинстајте ја во тавче и додадете една кутлача од бујонот. Додадете го лукот и динстајте ги заедно околу 5 минути. Извадете ги ѓумбирот и нането и изблендирајте ја смесата со рачен блендер. Изблендираната смеса оставете ја да проврие уште малку и додадете сол и бибер.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Можете да декорирате со павлака за готвење.