Фичо ќе направи вкусно мезе, зелени ќофтиња од брокула и карфиол, кои може да ги подготвите додека пристигнуваат гостите.
Подготовка
Чекор 1: Брокулата и карфиолот одделете ги на мали парченца. Ставете ги во сецко и испасирајте ги. Во смесата додадете го јајцето и зачини по желба. Додадете ја и приготвената смеса ФАНТ за ќофте.
Чекор 2: Од добиената смеса направете ќебапчиња и валкајте ги во брашно и јајце. Доколку е потребно повторете ја постапката и испржете ги ќофтињата.
Чекор 3: Сервирајте!
СОВЕТ: Ќофтињата може да ги подготвите и само од карфиол, или само од брокула, според вашиот вкус.