Видео рецепт: Кинеска пилешка салата

Фичо ќе подготви пилешка салата на кинески начин, со слатко-кисел прелив од масло од сусам.sostojki

Подготовка

Чекор 1: Пилешкото месо ставете го да се вари во солена вода.

Чекор 2: Исецкајте го Ајбергот, изрендајте ја зелката, додадете го исецканото лукче и краставицата и измешајте ги. Додадете ги и сецканите бадеми.

Чекор 3: Во сад ставете ги сите состојки за преливот и убаво измешајте ги.

Чекор 4: Пилешкото искинете го на парчиња, или исечкајте го и соединете го со салатата и преливот.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Внимавајте, за да го добиете автентичниот вкус, треба да користите темно сусамово масло.

- Реклама -