Видео рецепт: Јунешко со црвено вино и моркови

junesko-ffc797-800x450[1]

Фичо ќе ни покаже одличен начин како да подготвиме јунешко месо, вино и зачини.

sostojki

Подготовка:

Чекор 1: Вклучете ја ринглата, во тавата за пржење ставете малку масло и путер и оставете да се загрее. Кременадлата извалкајте ја во брашно за да се затворат порите и пропржете ја на кратко на јака температура.

Чекор 2: На дното на тавата наредете сецкан лук, ставете го месото, додадете ги морковите и крупно сецкан кромид.

Чекор 3: Тавата ставете ја на рингла и додадете го виното. Оставете нека проврие, да испари алкохолот. Додадете го бујонот, ловоровите листови, биберот и сол. Поклопете со капак и оставете на средна температура околу 2 часа.

Чекор 4: По 2 часа тргнете ја тавата од рингла и ставете ја во загреана рерна 15 минути.

Чекор 5: На рингла во мало тенџере подгответе го инстант пирето според упатството, или подгответе пире од компири според вашиот рецепт.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: Говедското или јунешко месо кое ќе го приготвувате, поубаво ќе биде доколку е со коска.

- Реклама -