Фичо ќе приготви превкусно свинско рагу со маслиново масло, путер и пармезан, во комбинација со тестенини.
Подготовка:
Чекор 1: Месото исечете го на тенки парчиња, најтенко што можете. Во тавата за пржење ставете го путерот. Кромидот ситно исецкајте го. Додадете го лукот и шампињоните. Посолете и оставете да динста 20 минути.
Чекор 2: Во сад со вода ставете ги папраделите. Во сосот додадете малку табаско и пред сервирање додадете пармезан. Измешајте ги тестенините со сосот и оставете да крчка 2-3 минути.
Чекор 3: Чинијата во која ќе сервирате премачкајте ја со солен путер, наросете ситно рендан пармезан и ставете ја пастата. Порцијата не треба да биде повеќе од 125 грама.
Чекор 4: Сервирајте!