Фичо ќе ни даде предлози за десерт подарок во тегла. Одлична идеја за 8 март!
Состојки:
За ПРВИОТ десерт ќе ви треба:
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- малку виски
- 50 гр. чоколадо
- 1 лимон
- малку колачи
- лушпи од бадем
За ВТОРИОТ десерт ќе ви треба:
- слатка павлака
- шумско овошје
- малку бисквити
- 1 банана
- 1 лимон
- 1 портокал
- 4 лажици кафеав шеќер
- малку овес
За ТРЕТИОТ десерт ќе ви треба:
- суви колачи
- малку брусница
- инстант пудинг ванила
- 4 лажици шеќер
- малку млеко
- корн флекс
- малку лешник
- малку карамел
Ќе ви требаат и:
- 3 големи тегли
Подготовка:
Чекор 1: Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со шеќерот и додадете кора од 1 лимон. Жолчките ставете ги на пареа и додадете 4 лажици шеќер, виски и чоколадото. Оставете го кремот од жолчки да се олади.
Чекор 2: Во првата тегла на дното ставете крем од жолчки, над кремот коцки колач кој што го имате по дома, изматените белки, сируп од чоколадо и лушпи од бадем.
Чекор 3: За втората тегла: слатката павлака изматете, додадете го шумското овошје и промешајте со шпатула. Оставете во фрижидер да се стврдне.
Бисквитите со кората од портокал избендирајте ги во убав прав.
Бананите излупете ги, испасирајте ги и додадете малку сок од лимон да не потемнат.
Овесот ставете го во Ростерот, попрскајте со кафеав шеќер и потпечете во рерна.
Во теглата редете: банани, бисквити со портокал, шлаг од шумско овошје и на крај потпечен овес.
Чекор 4: За третата тегла ставете го корнфлексот на дното, суви колачиња измелени со суво овошје, подготвениот инстант пудинг, потпечен сецкан лешник и карамел.
Чекор 5: Подарете со љубов!
СОВЕТ: Теглите можете да ги декорирате со коноп, машни или да залепите етикети на нив.