(Рецепт) Чоколадни колачи со авокадо

kolaci-avokado-1a7bd6-800x450[1]

Фичо ќе подготви здрави колачиња со авокадо и какао, кои наместо брашно содржат бадеми. Ние не можевме да престанеме со јадење!

sostojki2

Подготовка

Чекор 1: На пареа растопете го чоколадото со кокосовото масло.

Авокадото испасирајте го. Бадемите сомелете ги во Нутрибулет, но не до крај – да има и крупни парчиња.

Чекор 2: Додадете го јајцето, бадемите, какаото и медот. На крај додадете го растопеното чоколадо. Мешајте постојано да се изедначи смесата.

Оставете ја смесата во фрижидер 30-60 минути.

Чекор 3: Формирајте колачиња со дебелина од 1 сантиметар. Печете на 175 степени околу 17-18 минути.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Пред сервирање оставете ги во тавата да се оладат десетина минути.

- Реклама -