Фичо ќе ни даде идеја како да направиме кејкпопс, или бомбички на стапче. Популарни и лесни колачиња кои може да ги боцнете во торта, или да ги служите одделно.
Подготовка:
Чекор 1: Колачињата, путерот и кората од портокал изблендирајте ги додека убаво да се соединат. Смесата ставете ја во фрижидер да се олади.
Чекор 2: Извадете ја смесата од фрижидер и формирајте топчиња со иста големина.
Чоколадото растопете го на пареа. Стапчето потопете го во чоколадо, потоа на стапчето боцнете го топчето и оставете ги во замрзнувач да се стегнат.
Чекор 3: Извадете ги стапчињата, потопете ги во растопено чоколадо, а потоа во кокос, чоколадни трошки или декорација по ваша желба.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: За да бидат уште подекоративни, може да користите и бело чоколадо, или да ги шарате со бело и со темно чоколадо.