Баклава со освежителен вкус на вишни кој не смеете да го пропуштите. Оние кои пробаа рекоа дека е најдобра!
Подготовка
Чекор 1: Прво пригответе го шербетот бидејќи врелата баклава се прелива со ладен шербет.
Шеќерот и водата ставете ги да зовријат и варете го шербетот 8 минути откако ќе зоврие. Додадете ги ванилите и сокот од лимон. Оставете на страна да се олади.
Чекор 2: Оревите сомелете ги поситно и покрупно со сецко. Мелените ореви, шеќерот и 3 лажици гриз измешајте ги во подлабок сад.
Сечканите ореви измешајте ги со исчистените вишни и додадете 2 лажици гриз.
Најдобро е да користите свежи или смрзнати вишни. Не ги препорачуваме вишните од компот. Путерот растопете го.
Чекор 3: Земете една кора, попрскајте ја со путер, па со смесата од мелени ореви. Над неа ставете ја втората кора и повторете. Потоа ставете трета кора, на едниот крај ставете од филот со вишни. Замотајте во ролат . Повторете со сите кори.
Чекор 4: Баклавата исечете ја на парчиња, наредете ја во тавата, прелијте ја со преостанатиот путер и ставете ја да се пече. Печете прво 10 минути на 200 степени, а потоа околу 40 минути на 150 степени.
Пред да ја извадите баклавата од рерна, рерната вклучете ја повторно на 200 степени 1-2 минути, убаво да се потпече, да крцка.
Чекор 5: Извадете ја и попарете ја со ладниот шербет. Нека отстои неколку часа за да впие од шербетот, па сервирајте.
СОВЕТ: Оваа овошна баклава е со посвеж вкус и полесна за јадење. Можете да ја пробате и со кајсии или друго овошје.