Фичо ќе направи печени ребра на американски начин, со глазура од балсамико оцет и кафеав шеќер.
Фантастични!
Подготовка
Чекор 1: Ребрата посолете ги и прелејте ги со маслиново масло. Оставете ги на страна додека ги приготвувате печурките.
Чекор 2: Добро избришете ги или исчеткајте ги печурките, исечкајте ги на парчиња со големина по желба и пржете ги на силен оган со три лажици путер и маслиново масло.
Чекор 3: Наросете црн бибер на ребрата и ставете ги да се печат на 200 степени, половина час покриени. По половина час прелијте ги со балсамико оцетот и кафеавиот шеќер. Продолжете со печењето додека шеќерот не ги глазира, околу 40 минути.
Чекор 4: Кога ребрата ќе бидат готови, сервирајте ги врз печурките.
СОВЕТ: Можеби ви се чини необично глазирањето на свински ребра со балсамико и шеќер, но ние ви препорачуваме да ја пробате оваа комбинација, бидејќи навистина ни се допадна.