Пастицио е традиционален Грчки рецепт кој наликува на лазања, но овде користиме само свинско месо и неколку традиционални вкусови од регионот како што се цимет, сушено нане и морско оревче.
Лесен е за правење и се прави количина доволна за да нахраните мала војска!
СОВЕТ: Овој рецепт треба да биде доволен за 8 луѓе и брзо ќе стане еден од омилените семејни рецепти. Можете да му дадете дополнителен вкус со рендање кашкавал одозгора, или пак да ставите солено сирење да се стопи во сосот додека се вари.
[youtube]http://youtu.be/IKSLEUl6qP0[/youtube]