Видео рецепт: Летен пудинг од леб

Овој пудинг потекнува од Англија и е едноставен, освежувачки летен рецепт кој се подготвува неколку часа пред да го јадете и се чува во фрижидер – бел леб потопен во шумско овошје и оставен во фрижидер за да добие облик на пудинг.

СОВЕТ: Ова е одлична идеја за искористување на стар леб – за неколку минути имате во фрижидерот подготвен пудинг, па треба само да ги чекате гостите. Шеќерот е неопходен, за да се неутрализира горчливиот вкус на бобинките.

[youtube]http://youtu.be/sKTi4pFA00s[/youtube]

- Реклама -