Новинар решил да се опушти малку за време на интервјуто со претседателот на Уругвај, Хосе Мухика, па си запалил марихуана.
Мухика е познат по тоа што ја легализираше во целост продажбата и производството на оваа дрога во Уругвај.
Тие си продолжија да си разговараат на разни теми, а претседателот го гледаше новинарот со насмевка.
Кон крајот на минатата година Уругвај стана првата земја во светот, која во целост ја легализираше продажбата, производството и конcумацијата на марихуана и покрај несогласувањата на ОН.