Видео кое ќе ве трогне: Порака од деца со Даунов синдром до една идна мајка

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром кој се одбележува на 21 март, беше направено ова емотивно, трогателно видео, како одговор на прашањето поставено од една идна мајка.

Имено, таа откако дознала дека нејзиното неродено дете има Даунов синдром, испратила загрижена порака до националната организација „CoorDown“, во која пишувало: „Се плашам. Каков живот ќе има моето дете?“

Видеото нуди одговори на нејзиното прашање од 15 лица со Даунов синдром, а секој од нив има сила да ви го стопли срцето.

„Драга идна мајко, не плаши се. Твоето дете ќе може да прави многу нешта. Ќе може да те прегрнува. Ќе може да трча кон тебе. Ќе може да зборува и да ти каже дека те сака… Драга идна мајко, твоето дете може да биде среќно, како што сум и јас. И ти ќе бидеш среќна исто така…“

Прочитајте и:  Тајните на добрата мајка и успешното родителство

- Реклама -