Познатиот актер Џони Деп го покажа својот веренички прстен во текот на прес конференцијата одржана по повод неговиот најнов филм „Transcendence“ во Кина.
50 годишниот актер потврди дека тој и Амбер Хеард се свршиле, но својот свршенички прстен го нарече „женски“.
„ Мислам дека би бил подобар во изработка на женски кондури, отколку во планирање на венчавка. Ништо не можам да испланирам. Навистина сум лош во тие работи“, признава Џони.
Наводно, прстенот бил преголем за Амбер, па Деп започнал да го носи, изјави извор за Us Magazine.
На Амбер ова ќе и биде прв брак, а Деп веќе беше во брак.