Влав, нерасположен, депресивен, апатичен, доаѓа кај психолог и се жали на својата состојба. Психологот го потпрашува, одоколу, директно и на крај му вика.
Tебе проблем ти е што одамна не си потрошил пари, оди потроши пари и дојди на контрола за три дена.
После три дена доаѓа истиот пациент, пее , свирка, подскокнува, весел дури у еуфорија.
Вика :докторе, алал да ти е, и дијагноза ми постави и успешна терапија ми даде!
А докторов го прашува: колку пари потроши?
Пациентот вика 12,300 денари.
Браво бе, а што си купи? го прашува докторот.
200 евра докторе!