Ви се допаѓа ли? Џеј Ло во кожен и тесен фустан

Пред неколку дена температурата во Холивуд, Калифорнија се вжешти до црвено, а причината беше секси визијата на латино – дивата Џенифер Лопез.

Од пред неколку години ѕвездата е дел од жири комисијата во музичкото реалити шоу –  American Idol и освен тоа што совесно ги исполнува обврските, таа не пропушта да ги освои гледачите со својот избор на облека.

Волшебната визија која Џеј Ло ја покажа за време на музичкото шоу, се од содржеше дрзок -кожен фустан во месо боја. Кожениот фустан несомнено е една од облеките, кои задолжително треба да бидат присутни во вашиот гардеробер.

Таа елегантно се пренесува од сезона на сезона и одлично прилега како со сандали на боса нога или високи потпетици, така и на чизми до колена и стилски волнени палта.

Џенифер Лопез пак е жив доказ за тоа колку умно кожениот фустан ги нагласува женските облини.

 

- Реклама -