Откако ја сними последната сцена од серијата „Пријатели“, пред 11 години, актерот Метју Пери значително се здебели, а судејќи по последните фотографии кои настанаа во близина на неговиот дом во Беверли Хилс, тој е непрепознатлив.
Пери е фотографиран од страна на папараците крај една аптека во Беверли Хилс, неизбричен, лошо облечен и со вишок килограми.
Тој кон крајот на деведесеттите стана алкохоличар, а после тоа разви и зависност од лекови против болки. Двете нешта предизвикаа кај актерот проблеми со тежината.