„Happy Pills“, се првите дизајнирани продавници во Барселона, кои продаваат таблети за среќа. Сепак, не грижете се, не станува збор за лекови или пак некои сомнителни супстанци. Напротив, во опаковките за апчиња се наоѓаат вкусни и шарени гумени бомбони во секакви облици. Поентата е, кога денот ќе ви тргне лошо, земете едно од „веселите апчиња“ и насмевката веднаш ќе ви се врати на лицето. Погледнете ги креативните дизајни во галеријата подолу.