Актерката Софиа Верага ја откажа свадбата со Ник Лоеб по жестока расправија со него.
Се чини дека Софиа Вергара, 41, и нејзиниот свршеник Ник Лоеб, 38, нема да прават свадба. Актерката ја откажала церемонијата и тоа поради се почестите расправии меѓу нив.
Тоа воедно е и крај на нивната тригодишна врска.
Се кулиминирало на нивното патување во Хемптон на кое и зачестиле кавгите меѓу нив.
„Раскинаа поради гласините дека ја изневерува, а неодамна слушна и дека повторно бил со друга. Не може веќе да го поднесе тоа“, рекол анонимен извор за Daily Mail.
Двојката се сврши минатата година на 40. роденден на Вергара во Мексико.