Еден од најомилените дизајнери на гламурозни фустани, Оскар де ла Рента, ја претстави новата колекција на венчаници за Пролет 2014.
Меѓу креациите на дизајнерите се најдоа прекрасни бели фустани кои ги откриваат рамениците, со детали од сина боја, цветни дезени и сребренкаста чипка. Ревијата беше затворена со уникатна нежна – розевкаста венчаница со чипкасти елементи.
„Сите жени сонуваат за овој ден. Морате да совладате премногу препреки за да остварите дизајн од мечтите на една жена и да дизајнирате нешто во кое што веднаш ќе се заљубите“, изјаво Оскар де ла Рента.