По примерот на њујорчанецот што пред некоја година реши да вози велосипед по означените патеки, не застанувајќи за ниту една од пречките (автомобили, канти за ѓубре и сл.) неправилно поставени врз нив, припадниците на движењето „На точак“ решија да го повторат истиот експеримент по скопските улици…
Се испостави дека возењето велосипед низ Скопје е подвиг сам за себе, нешто за што ви е потребна огромна умешност, доколку сакате да останете на обележаните патеки.