Векна од спанаќ

Ако не сте одушевени кога ќе видите спанаќ на трпезата или домашните ви негодуваат кога го подготвувате, еве интересен предлог како да го направите повкусен.

Состојки: 600 г. спанаќ, 1 јајце, 1 струк праз, 2 чешниња лук, 2 црвени пиперки, 1 шолја млеко, 1 лажица маслиново масло, сол, кари, бибер, 200 г. моцарела, 1 лажица маст.

7605_spenat_2,-slano,-39,-2006,-Nc_iff

Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот обложете го со хартија за печење и премачкајте со мастот. На загреан зејтин испржете ги празот и лукот. Кога ќе биде готово префрлете во друг сад. Во истото тавче  ставете го спанаќот и пиперките и динстајте неколку минути. Измешајте го лукот и спанаќот, додајте четвртина шолја млеко, моцарела и зачините. Во друг сад изматете ги јајцето и останатото млеко и додадете ги во смесата. Добиената смеса ставете ја во плехот и печете еден час.

 

Добар апетит!

- Реклама -