Клои Кардашијан ќе ужива во пријатно друштво на Божиќната забава кај мајка ѝ.
Познатиот безбол играч Мет Кемп ќе го помине Бадник со Клои Кардашијан во куќата за одмор на нејзината мајка, Крис Џенер во Хиден Хилс, пренесуваат американските медиуми.
На нејзината празнична забава ќе присуствуваат над 200 пријатели и членови на семејството Кардашијан.
„Мет, кој живее во соседството, и кој е заинтересиран за Клои исто така ќе присуствува на забавата“, открива изворот. „Не очекувајте Клои и Мет дека ќе се одвојуваат во ќошиња кога знаат дека ќе се зборува за нив како пар. Што се однесува на тоа, тие одат бавно. Клои и понатаму е многу тажна поради крајот на нејзиниот брак со Ламар Одом, но продолжила понатаму пред неколку месеци“, открива изворот.
Сопругот на Клои нема да присуствува на забавата, бидејќи реалната ѕвезда поднесе барање за развод пред неколку недели. Одом смета дека Клои го искористила времето, додека тој очајнички се обидувал да го спаси нивниот брак, и тајно се гледала со Кемп, позади негов грб.
Друг извор ги демантирал овие обвинувања и тврди дека Кардашијан не се состанувала со Кемп позади грбот на Одом, и дека се само пријатели. „Тој едноставно ја обожава. Мет е многу близок со мајка му, Џуди Хендерсон, а со тоа добил поени кај Клои бидејќи и таа го става семејството на прво место“, открива изворот.
Крис Џенер исто така ја поддржува ќерка ѝ. „И понатаму го сакам Ламар, ја сакам Клои, но мразам низ се ова што поминува. Но ако е тоа нешто што Клои го чуствува и мора да го направи, тогаш сум 150% позади неа“, рекла мајка ѝ Крис.
„Клои конечно е мирна откако ја донесе одлуката за развод од Ламар. За прв пат оваа година, способна е да отспие цела ноќ без да се прашува каде е нејзиниот маж. Целата оваа недоверба и сомневање за Ламар имаше цена. Тоа повеќе не можело да се издржи. Со Мет само се забавува, и вели дека е сонцето по невремето“, рекол изворот.