Веѓите прават чуда! Ја препознавте?

Со оглед на тоа што е модел на престижните „Victoria’s Secret“, навикнати сме да ја гледаме во блескави изданија каде нејзината прекрасна насмевка и заводлив поглед се во прв план.

Но, 32-годишната Алесандра Амброзио успеа да ја покаже и нејзината помрачна страна, во фотосесија за која целосно го промени сексипилниот изглед. Со затемнета коса, осветлени веѓи и блед тен, таа изгледа речиси непрепознатливо.

Фотосесијата беше снимена во петокот на една од плажите во Мајами, а новиот „имиџ“ се надеваме дека нема да го задржи.

article-2519584-19E94ACA00000578-822_634x834