Група научници од Харвард и универзитетот Нов јужен Велс тврдат дека успеале да го запрат и менуваат „правецот” на процесот на стареење.
Засега привилегијата на подмладување ќе ја имаат само глувци, но првичните научни обиди врз луѓе веќе почнаа. Експертите ветуваат дека резултатите ќе бидат многу задоволителни.
Со помош на природни протеини и молекули, научниците успеале да ги отклучат гените одговорни за стареењето, како и да ги активираат „младите” гени, соопшти ABC.
Откако воведено ја активирале молекулата наречена NMN за една недела процесот на стареење кај глувците престанал.
Според Истражувачите ова револуционерно откритите може да биде искористено за создавање на лекови што ќе ја враќаат младоста на клетките во организмот.