Валканиот танц на Мајли Сајрус ја вжешти атмосферата

Некогашната Хана Монтана како да сака да покаже дека веќе нема ниту трага од она мало наивно „Дизни“ девојче. Имено, Мајли Сајрус уште еднаш ја доведе до израз нејзината сексипилност, и повторно застана на границата меѓу вкусот и вулгарноста. На концертот на раперот Juicy J, 20-годишната пејачка изненадно излезе на сцената и ги покажа нејзините танцувачки вештини во неколку провокативни чекори. Без разлика на тоа што подоцнежните коментари за нејзиното атрактивно танцување беа негативни, нема сомеж дека Мајли значително ја загреа атмосферата во публиката.

http://youtu.be/piVeyvBLm7Q

- Реклама -