Еден од најплатените спортисти во светот објави на социјалните мрежи видео кое крена прашина.
Всушност, видеото покажува како американскиот боксер Флојд Мејведер лежи на маса за масажа додека пред него „тверкаат“ десетина убавици кои носат само провокативни бикини.
Додека некои оваа сцена ја нарекуваат рај за мажи, другите сметаат дека на овој начин се омаловажува женскиот пол.
– Ако Бог создал нешто подобро од жени, јас не го сакам тоа- напишал боксерот под видеото.
Според официјалните податоци, овој американец само оваа година заработил 105 милиони долари.