Една од најбараните манекенки за костими за капење и долна облека ни покажа како вложува во својот изглед.
Ангелот на Викторија, Бар Рафаели знае дека изгледот е нејзиното најсилно оружје и дека мора напорно да се грижи за него и да вложува многу труд.
Освен козметичките и естетските третмани, Бар Рафаели редовно вежба, а на Твитер објави фотографија од еден нејзин тренинг со личниот тренер Томер Тензер со кој вежба секој ден.
„Најдобар начин за почеток“, напишала Рафаели под фотографијата на која со насмевка на лицето се истегнува пред огледало во спортки розов топ и црни хеланки.