Џенифер Лопез пред осум години се фотографирала топлес за албум кои слики никако не сакала да бидат објавени. Нефотошопираните фотофрафии сега се појавија на интернет.
Џенифер Лопез во 2005-та година направила фотографии кои не поминале на фотошоп, а на нив е во топлес издание а со рацете ги покрива голите гради додека на глава носи каубојски шешир. Пејачката се потрудила тие слики никогаш да не излезат во јавноста, но оваа недела сепак се појавиле на интернет.
Потсетуваме, латино дивата Џенифер Лопез веќе со години е на топ листите со своите хитови, а со својата појава го привлекува вниманието и на нејзината 40-ста година. И покрај постигнатиот успех, J.Lo неодамна признала дека и самата се бори со недостаток на самодоверба.