Вака еден наставник им објасни на учениците што е „привилегија“

Доколку ја читате оваа статија, уште на самиот старт треба да знаете дека и вие сте привилегирани во однос на огромен број луѓе светот.

Со цел поедноставно да им ја воочи разликата на оние кои се привилегирани, и оние кои не се, еден професор од едно средно училиште во Америка одлучил на едноставен и креативен начин да ја пренесе пораката.

Најпрвин, секој ученик добил еден лист хартија, која имал за задача да ја завитка и претвори во топка.

privilege-lesson-1__605

Потоа, кантата била сместена веднаш под таблата, на предната страна од училницата.

privilege-lesson-2__605

„Вие ги претставувате граѓаните на едно општество, а секој од вас има шанса да стане побогат и поуспешен од мнозинството“, кажал професорот.

privilege-lesson-3__605

„Се што треба да направите за да успеете, е да ја внесете хартиената топка во кантата“.

privilege-lesson-4__605

Секако, студентите кои се наоѓале во задниот дел од училницата имале многу полоши резултати отколку оние кои седеле на првите клупи, и негодувале заради неправедните услови на натпреварот.

privilege-lesson-5__605

Најголемиот број погодоци биле од учениците од предните клупи, додека од оние кои седеле на задните речиси и никој не успеал да ја погоди корпата.

privilege-lesson-6__605

„Колку поблиску седевте до корпата, толку беа поголеми и вашите шанси за успех: ова е привилегија. Дали забележавте како се бунеа само оние кои седеа на задните клупи, додека тие на предните речиси и да не ги забележуваа разликите?“

privilege-lesson-7__605

„Всушност, единственото нешто кое тие го гледаа беше како да успеат да ја погодат корпата.“

privilege-lesson-8__605

„Вие сте ученици кои се образуваат, и ваша обврска е да бидете свесни за привилегиите кои ги уживате. Користете ја оваа привилегија наречена „образование“, за да постигнете нешта кои ќе бидат за општо добро, но не заборавајте на оние кои се зад вас, бидејќи само така може да се формираат добри услови за целокупното општество.“

 

- Реклама -