Вака би звучело кога Фреди Меркјури и Павароти би снимиле дует

Фреди Меркјури, фронтмен на британскиот рок бенд „Queen” и Луцијано Павароти, италијански оперски тенор, се меѓу најдобрите вокали на 20 век.

А сега, благодарение на вокалните способности на пејачот Марк Мартел, можете да слушнете како би звучело доколку тие двајца испееле заеднички дует.

Во видеото Мартел ги имитира Павароти и Меркјури, пеејќи ја „Nessun Dorma”, арија од операта на Пучини „Турандот“.
Неверојатно, Мартел вели дека ова видео е снимено во само еден кадар.

– Тоа е континуирана изведба, од почеток до крај, снимена во еден кадар, со помош на две камери, напиша Мартел во описот на видеото на Јутуб.

Слушнете го дуетот.

- Реклама -