Режисерот Харви Вајнстин, кој некогаш беше првото лице на Холивуд, од пред некој ден засекогаш е исфрлен од Академијата на филмските уметности.
За неговото исклучување од институцијата која ги организира и доделува Оскарите гласале вкупно 54 членови, што е повеќе од двотретинско мнозинство.
Од менаџментот на Вајнстин уште не излегле со официјален став околу случувањата.
Некогаш напопуларниот и најбараниот режисер во Холивуд денес е едно од најомразените лица, по низата скандали поврзани со сексуално малтретирање на актерките со кои соработувал.
Од Академијата се децидни дека со неговото исклучување тие ги заштитуваат професионалците од понатамошни малтретирања и придонесуваат за тоа актерската работа да ја вршат во безбедно опкружување.