Утре и задутре ќе се случи свадбата на Ѓоковиќ – поканети се 150 гости

 

За луксузната венчавка, која ќе се случува на 9. и 10. јули на Свети Стефан, Ѓоковиќ изнајмил луксузна вила, во која ноќевањето чини околу три илјади евра.

На Свети Стефан се случуваат последните подготовки пред венчавката која ќе следи после венчавањето на Краљичина (Кралската)  плажа, со големо обезбедување.

На  гостите на свадбата  ќе им биде на располагање голем шатор, како и велнес центарот на Кралската плажа.

Двајцата за првата брачна ноќ  ќе бидат  во познатата вила 118 која сега се вика апартман „Свети Стефан“. Таа има две нивоа и најголема соба од 165 квадрати каде би требало да бидат младенците, а истата чини 3.500 евра за една ноќ.

Пред Новак и Јелена во оваа вила претстојувале  Елизабет Тејлор, Карла Бруни, Силвестер Сталоне, Софија Лорен, Клаудија Шифер, Џереми Ајронс, англиската принцеза Маргарета.

- Реклама -