Со филмот „Кругови“ на режисерот Срѓан Голубовиќ утре во 20 часот, во кино Милениум, започнува Скопскиот Филмски Фестивал.
Годинашниот Филмски фестивал ќе се одржува до 27 април со редуцирана програма поради скратен буџет. Откажани се две програми – ретроспективата на Акира Куросава и панорама на светски авторски филмови.
Во главната програма на СФФ се најнови филмски остварувања меѓу кои и најновиот филм на Педро Алмодовар „Многу сум возбуден“, потоа „Насилство 2“ на Такеши Китано, „Капитал“ на Коста Гаврас, „Кралска афера“ на Николај Арсел кој беше номиниран за Оскар, „Кралството на месечината“ на Вес Андерсон, британската комедија за „Невистинитата приказна на Монти Пајтон: Автобиографијата на лажгото“ направена според книгата на Греам Чепмен, биографскиот „Хана Арент“ на Маргарет фон Трота и чилеанскиот филм „Не“ на Пабло Лареин, уште едно дело кое годинава беше номинирано за „Оскар“ во категоријата на странски филм.
На затворањето ќе се прикаже рускиот филм „Предавство“ на Кирил Сребреников, кој имаше премиера во Венеција, а во кој главна улога игра македонскиот актер Дејан Лилиќ.