Утре ќе нема струја во неколку скопски општини

Според Центарот за управување со кризи и ЕВН, најавено е дека во делови од неколку скопски општини ќе нема струја на 22 ноември и тоа:

– Во периодот од 8.30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Студеничанска во општина Кисела Вода, како и дел од корисниците од село Шишево, од општина Сарај.

– Во периодот од 8.30 до 12 часот корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 3 и бр. 5 во општина Карпош ќе останат без електрична енергија, а во Студеничени од 9 до 15 часот недостиг од електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците 1, 6 и 7 во селото Батинци.

- Реклама -