Уште едно чудесно овошје: 7 неоспорливи причини да јадете смокви што е можно почесто

Смокава, рајското овошје кое го обновува, зајакнува и одржува здравјето и ги брише брчите од лицето. Растението кое многу дава а малку му треба за одржување, само треба обична почва и неколку капки вода е вредно за пофалба по своите лековити својства.

1. Висок процент на магнезиум. Магнезиумот е еден од есенцијалните елементи за заштита на нашиот нервен систем од стрес. Многу е важен за коските, имунитетот, здравјето на мозокот. Го потикнува здравјето и виталноста, лечи многу болести и значително го успорува процесот на стареење. Сувите смокви содржат три пати повеќе магнезиум од свежите.

2. Изобилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамин Б6, Ц и бета-каротен. Содржат многу малку маснотии и повеќе влакна од било кое друго овошје, што е една од причините зошто би требало да конзумирате смокви секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува холестеролот во крвта, а триптофанот помага со проблеми со циркулација и несоница.

3. Високото ниво на природен шеќер ќе осигура дека вашиот мозок работи побрзо, подобро ги прима и класифицира информациите. Се разбира, треба да постои претпазливост во конзумимацијата кај луѓе со дијабетис кога јадат суви смокви, затоа што имаат двојно повеќе шеќер од свежите.

Untitled-14

4. Сувите смокви се одличен извор на многу хранливи материи, а воедно има практична и нутрициона вредност во оброк на спортските рекреативци и професионалци, и во комбинација со ореви добивате идеална закуска. Чајот од смокви лечи болести на црниот дроб, грло, респираторниот систем, камен во бубрег, мочниот меур.

5. Содржат растителни стероли, кои се покажа дека имаат корисни ефекти врз холестеролот во крвта. Растителните стероли како стигмастерола и ланостерола, кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите на холестеролот во цревата и на тој начин се меша со неговата апсорција.

Untitled-15

6. Бројни истражувања откриваат соединенија со потенцијални антиканцерогени дејства, бензалдехид и кумарин со кои изобилува смоквата. На тестираните соединенија во научните истражувања покажале ветувачки резултати, особено кога станува збор за рак на простатата и кожата.

7. Свежите смокви содржат до 80 проценти вода и 60 порценти природни шеќери, па според тоа корисно е нивно често конзумирање, а можете да ги употребите во многубројни рецепти. Со богатиот сладок вкус на смоквата совршено се вклопува со солените вкусови, како овчо или козјо сирење, може да се додаде во разни компоти или месни јадења. Од свежите смокви може да се направи компот, мармалад, слатко и ферментирани пијалаци.

- Реклама -