Поранешната членка на познатата женска група Destiny’s child, Кели Роланд, го очекува своето прво дете со сопругот Тим Витерспун. Ексклузивно за Elle магазинот, 33 годишната Кели се фотографираше гола.
– Навистина е лудо да го гледате како во своето тело се создава нов живот, изјави Кели во интервју за магазинот.
Таа додава дека била на часови за бременост, со цел да го разбере мајчинството, уште пред да го почувствува.