Пиењето на пијалоци кои содржат зеленa храна е како дишењето. Во нив има хлорофил и есенцијални минерали, кои помагаат на циркулацијата и губење на тежината. Покрај тоа придонесуваат за прочистување на дебелото црево, како и за прочистување на црниот дроб.
Пиењето на зелени пијалоци ја подобрува и состојбата на вашата кожа. Само една чашка од овој пијалок делува како витаминска бомба и создава енергија за целиот ден.
Потребни производи:
1-2 краставици, излупени и исечени
1 грст магдонос, исечкан
1 голем грст спанаќ,
исцеден сок од 2-3 лимона
1/4 чаша вода
1 парченце свеж ѓумбир (по желба)
Начин на приготвување:
Можете да го приготвите мешајќи ги состојките во блендер, бидејќи на тој начин истите нема да станат каша и ќе имаат подобар вкус.