Ова можеби за некои луѓе изгледа сосема лудо, а некои дури и од навистина нејасни причини го опишуваат како вулгарно.
Сепак, овој начин на сликање овозможува слободно изразување, тоа е забавно, а воедно и мистично.
Создавањето на овие слики трае околу 2 часа, а најчесто мајката е таа која што самата го избира дизајнот под кој што го крие своето најдраго. Авторот на овие слики вели дека бебињата честопати клоцаат за време на сликањето, што го прави истото особено симпатично, па родителите имаат смешни случки кои што можат да ги запишат во бебе-албумот до фотографиите.
„Јас многу го сакам фактот што секоја слика има посебна приказна зад себе. Имам насликано над 130 стомачиња и сите мајки имаат навистина пријатно искуство. Ја сакам мојата работа, тоа ми дозволува да бидам дел од нечии најубави моменти, како и да заработам за живот,а работам од дома“, вели Кери Пресон, авторката која што стои зад овие ремек – бременки -дела.